• Горан Упале
Најголемиот во светот против клуб кој пред само неколку месеци го освои првиот европски трофеј во својата 104-годишна историја. Реал влегува во финалето на УЕФА Суперкупот со Аталанта во Варшава оваа среда како јасен фаворит.
Таа улога во секој случај ќе му припаѓаше на европскиот шампион, но настаните кои се случија во текот на летото значително ги намалија шансите на италијанскиот клуб да добие уште едно европско одличје. Пред два и пол месеци Аталанта го декласира германскиот шампион Леверкузен во финалето на Лига Европа, но според Џан Пјеро Гасперини, квалитетот на сегашната екипа не е ни блиску до тоа што беше тогаш. Бидејќи во меѓувреме италијанскиот стручњак загуби двајца важни играчи, прво Џорџо Скалвини, па Џанлука Скамака, и двајцата поради тешки повреди на лигаментите на коленото. Работата да биде уште полоша, атмосферата дополнително ја наруши ситуацијата околу Тен Копмајнерс, еден од ѕвездите на тимот, кој инсистира на трансфер во Јувентус и одбива да тренира со Божицата...
>>> ОБЛОЖИ СЕ ОНЛАЈН НА РЕАЛ МАДРИД - АТАЛАНТА ВО MOZZART
Реал, пак, добро се засили во преодниот рок. Го напуштија Тони Крос, Хоселу и Начо Ернандез, но му се придружија Ендрик и Килијан Мбапе, еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, парче од сложувалката што со години го чекаа на „Сантијаго Бернабеу“. И само сега малку луѓе ќе можат да им застанат на патот. А, за ранетата Божица, тоа ќе биде навистина тешко...