Ран шок за „кралевите“: Руиз и Дембеле „удрија“ по Реал! (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен фуриозно го отвори полуфиналето на Светското клупско првенство и уште во првите минути нареди неколку шанси пред голот на Реал Мадрид

Откако првиот удар му го одбрани голманот Тибо Куртоа, неколку минути подоцна од „втора“ Фабиан Руиз ја испрати топката во мрежата. Шпанецот се најде на вистинското место по продорот на Осман Дембеле, па погоди во празниот гол, а и да промашеше веројатно ќе имаше пенал. 

Само три минути подоцна, во деветтата Дембеле ја удвои предноста на парижани. Голем кикс направи искусниот Антонио Рудигер, па Французинот го казни тоа со рутинска завршница. 

Полуфиналниот спектакл на „МетЛајф“ во Њу Џерси тргна дефинитивно кошмарно за „кралевите“.