Ремзи со порака до „топџиите“: Со тешко срце по 11 години заминувам од Лондон

По 11 години минати во редовите на Арсенал, велшката фудбалска ѕвезда Арон Ремзи се реши да го напушти „Емирати“ и од следната сезона ќе ги брани боите на Јувентус

Искусниот играч за врска со „старата дама“ потпиша четиригодишен договор, а не официјализацијата се реши преку емотивна порака на социјалните мрежи да се збогува од фановите на „топџиите“. 

„Сигурно слушавте дека веќе потпишав преддоговор со Јувентус. Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Арсенал, кои беа лојални и полни со поддршка. Тука ме пречекаа како тинејџер и со мене беа и во најголемите падови и успеси. Со тешко срце, по 11 години заминувам од Арсенал. Во благодарам“, меѓу другото напиша Ремзи. 

Репрезентативецот на Велс ќе биде првото летно засилување на Јувентус за следната сезона, а со овој договор стана најплатениот Британец во историјата, бидејќи неделно ќе заработува по 400.000 фунти.