ВИДЕО: Рамос во 94. минута ја сруши Ница и донесе победа за ПСЖ

Фудбалерите на европскиот шампион, ПСЖ, ја оправдаа фаворитската улога во натпреварот против Ница (1-0), но за победата мораа да чекаат дури до 94. минута. Гонсало Рамос го реши натпреварот од единаесеттото коло во Лига 1, буквално во последните секунди. 

„Светците“ од Париз имаа огромна доминација на теренот и скоро постојано ја држеа топката кај себе, а жилавиот гостински тим не издржа до крајот и потклекна кога најмалку требаше. 

За ПСЖ ова е седма победа сезонава, додека Ница останува на 17 бодови, доволни за осмата позиција на табелата.