Рамос: Веруваме дека можеме да ја освоиме Примера!

Тимот на Реал Мадрид од натпревар во натпревар игра се подобро, а доказ за тоа се последните два натпревари против Барселона и Атлетико Мадрид.

По вчерашната победа од 1-3 на „Ванда Метрополитано“, капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос верува дека до крајот на сезоната можат да ја надминат Барселона и да дојдат до посакуваниот трофеј од Примера.

„Одигравме интелегентен натпревар против Атлетико и мислам дека на крајот сосема ја заслуживме големата победа. Има уште многу бодови за освојување и поради фактот дека секој може да го победи секого имаме шанси и за највисок пласман. Лигата дополнително ни носи мотиација и ќе се обидеме до крајот да направиме и целосен пресврт, а исто така и во останатите натпреварување сакаме да стигнеме до самиот крај“, изјави Рамос.

Реал Мадрид моментално е на втората позиција со пет бода помалку во однос на Барселона, која вечерва има тешко гостување на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао.