• Саше Љолес
Славниот шпански фудбалер, Серхио Рамос, го постигна својот прв гол за мексиканскиот Монтереј, каде пристигна минатиот месец.
Искусниот дефанзивец беше важна алка во победата на неговиот тим над Сантос Лагуна со конечни 4-2, а воедно успеа и да ја затресе мрежата во 57. минута и донесе водство од 2-1. Нему му асистираше поранешниот играч на Реал Мадрид и Бетис, Серхио Каналес, а публиката имаше многу причини за задоволство и ги поздрави милениците со громогласен аплауз.
Монтереј во моментов е деветтопласиран на табелата со вкупно 15 бода. Рамос се реши на трансфер во Мексико откако му истече договорот со шпанската Севиља, а претходно беше вистинска икона на Реал Мадрид, каде одигра 469 натпревари и постигна дури 79 голови.

