Рамос потпиша за Монтереј, ќе носи дрес со бројот 93 – еве зошто!

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Серхио Рамос потпиша едногодишен договор со мексиканскиот клуб Монтереј.

Легендата на шпанската репрезентација и Реал Мадрид се враќа на терените по речиси една година неактивност. Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос одбил неколку профитабилни понуди од Саудиска Арабија и неговата татковина, прифаќајќи ја поканата од Мексико.

Во новиот клуб тој ќе им се придружи на поранешниот соиграч од Севиља, Аргентинецот Лукас Окампос и сонародниците Серхио Каналес и Оливер Торес. Рамос во Монтереј ќе го носи бројот 93, во чест на постигнатиот гол во 93.минута за Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN FC (@espnfc)

Рамос важи за еден од најдобрите дефанзивци во историјата, а во кариерата освои 25 трофеи, меѓу кои Светско првенство, две Eвропски првенства, четири Лига на шампиони, пет Примера... Играше за Реал Мадрид, ПСЖ, Севиља.

Дефанзивецот од андалузија го држи рекордот со 180 настапи за шпанската репрезентација.