ФОТО: Рамос по пеналот прослави во стилот на Конор МекГрегор

Конор МекГрегор и Серхио Рамос
Gol.mk на Супер Куп 2018

Обврската да шутира пенали по заминувањето на Кристијано Роналдо му припадна на Серхио Рамос, кој вчера го совлада Јан Облак и донесе водство за Реал Мадрид во Суперкупт на Европа против Атлетико Мадрид.

Шпанскиот дефанзивец го прослави погодокот во стилот на најпознатиот ММА борец во светот, Конор МекГрегор. Ирецот го користи овој потег кога влегува во октагонот или кога слави победа над некој од ривалите.

Добро познатата прослава ја започна сопственикот на WWE боречката компанија од САД, Стив МекМахон.