ВИДЕО: Рамос од пенал во финишот го „скрши“ одличниот Хетафе

Реал Мадрид нанижа шест победи по ред по рестартот на Примера и побегна на четири бода пред актуелниот шампион Барселона на четири бода на пет кола до крајот. Во последниот натпревар од 32. коло на шампионатот на Шпанија, „кралевите“ тешко го скршија отпорот на Хетафе на младиот тренер Борбалас и со гол од пенал стигнаа до победа од 1-0 (0-0). 

Азар не беше повикан, па Винициус доби шанса од првата минута. Реал Мадрид имаше јалова иницијатива, но во првиот дел бројот на шанси на двете страни беше израмнет. Бензема и Винициус се заканија, но и Куртоа интервенираше. Гостите бараа пенал за стартот на Карвахал врз Оливера, но судијата Муниеса не ја прекина играта.

Вториот дел донесе послаб ритам, двете екипи се заморија и натпреварот делуваше насочен кон поделба на пленот. Сепак, во 78. минута истите актери од првиот дел овој имаа дуел во противничкиот казнен простор. Оливера го сруши Карвахал и судијата покажа на белата точка. Рамос го совлада Сориа и донесе големи три бода за „кралевите“ (1-0).

  • Пеналот за стартот на Оливера врз Карвахал: 

Реал Мадрид со комотна предност ќе гостува во Билбао в недела, на најтешкото гостување до крајот на сезоната во Примера.