ВИДЕО: Рамос од пенал го надмудри Облак, па со танц го исмеа Гризман!

Серхио Рамос постигна нов гол во дресот на Реал Мадрид, од пенал, во големото дерби со Атлетико Мадрид (2-1).

Винициус изнуди удар од белата точка, кој во погодок го претвори капитенот на „кралевите“. Облак ја прочита страната, но не успеа да го фати пеналот. По погодокот, Серхио Рамос реши да го исмее Антоан Гризман, со смешен танц, пародија на неговото танцување по постигнат гол.

Мадридското дерби е супер-возбудливо, за разлика од претходните години кога и двете екипи тактизираа и чуваа резултат.