Рамос ќе замине, но Бензема ќе продолжи во Мадрид уште две години

Бензема

Карим Бензема е еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид оваа сезона. Поради тоа награда ќе добие од управата, која му понуди нова двегодишна соработка.

Договорот наскоро ќе биде официјализиран и ќе значи дека голгетерот ќе тресе мрежи во престолнината до јуни 2023 година. Кариерата на еден од најдобрите стрелци во историјата на „кралскиот“ клуб ќе продолжи до негова 35-годишна возраст.

Бензема веќе 12 години го носи дресот на мадриѓани. Моментално 33-годишникот е на 16 гола од Сантиљана и 34 од учинокот на легендарниот Алфредо Ди Стефано.

Останува уште дилемата поврзана со Серхио Рамос. Дефанзивецот и капитен на тимот бара повеќегодишна сигурност, но политиката на клубот е на сите фудбалери над 30 години да им нуди само едногодишна соработка.