Рамос ќе мора да почека, дебито одложено за дуелот со РБ Лајпциг

Рамос ПСЖ

Серхио Рамос и натаму чека на своето деби во редовите на ПСЖ. Шпанскиот фудбалер пристигна повреден од Реал Мадрид, па поради тоа нема запишано ниту еден настап за францускиот гигант.

Најавите беа дека овој викенд 35-годишникот ќе се појави на теренот. Меѓутоа во последен момент докторскиот тим му забрани да настапи на дуелот со Анжер.

Рамос тренира без пречки веќе одреден период. Но, има мали проблеми со физичката подготовка, па „светците“ не сакаат да преземаат ризик, бидејќи сезоната е долга и тешка.

Прогнозите се дека Шпанецот ќе биде дел од тимот за дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Првично би се појавил на клупата, од каде ќе чека повик на Маурицио Почетино.

Последен натпревар на Рамос е оној во мај, во реваншот од полуфиналето од Лигата на шампионите против Челзи.