• Саше Љолес
Шпанскиот фудбалер и член на Севиља, Серхио Рамос, влезе во историјата на Лигата на шампионите откако постигна гол на натпреварот со ПСВ Ајндховен, а токму тој погодок беше десетилјадитиот во елитниот ранг на УЕФА.
Првиот гол во овој формат беше постигнат во 1992 година од Даниел Амокачи, поранешен играч на Евертон, а за Рамос ова беше вкупно шеснаесетти гол во елитното натпреварување. На овој натпревар беше поставен уште еден рекорд кој се однесува на возраста на екипите, а Севиља на теренот истрча со највозрасниот тим во историјата на Лигата на шампионите.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид е четврт највозрасен стрелец во Лигата на шампионите, а на врвот на оваа листа е неговиот екс-соиграч од Реал Мадрид, Португалецот Пепе. Просечната возраст во тимот на Севиља на мечот со ПСВ Ајндхивен изнесуваше 32 години и 19 денови и со тоа беше срушен рекордот на Интер од 2012 година, кога италијанскиот клуб настапи со тим кој имаше просечна возраст од 31 година и 331 ден.