ВИДЕО: Рамос исклучен, заврши ли сезоната во ЛШ за капитенот на Реал?

Екипата на Реал Мадрид не издржа и со преврт загуби од Манчестер Сити со 1-2, во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ на Зидан поведоа преку Иско, но играчите предводени од Гвардиола израмнија преку Хесус, а го свртеа резултатот со пеналот на Де Брујне.

Голем пех за менаџерот на Реал е директниот црвен картон кој го доби Серхио Рамос, кој слично како Маркос Алонсо вчера против Баерн, повлече играч кој беше во полн трк и порано го заврши мечот. Иако играчите протестираа и сметаа дека е престрого, Даниеле Орсато не ја промени одлуката. 

  • Црвениот картон на Серхио Рамос: 

Дали ова исклучување значи и предвремен крај на сезоната во Лигата на шампионите за капитенот на „кралевите“?