ФОТО: Рамос е минато, Реал ја доби новата „четворка“ во одбраната

Давид

Давид Алаба денес и официјално позираше покрај Флорентино Перез, како нов фудбалер на Реал Мадрид.

По долги години во Баерн Минхен, австрискиот репрезентативец одлучи да направи промена. Ова лето си ја исполни вечната желба да заигра во белиот дрес на „кралевите“.

Мадриѓани се пофалија со новото засилување на социјалните мрежи и објавија дека 29-годишникот од Виена ќе биде наследникот на „четворката“, која ја остави Серхио Рамос при заминувањето во Париз.

Баерн не сакаше да ги исполни условите кои ги бараше Алаба. Па, поради тоа се раздели со својот дефанзивец, кој ќе продолжи со својата фудбалска приказна на „Сантијаго Бернабеу“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.