• Иван Димовски
Репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година ја очекуваат два пријателски натпревари, против Полска и Босна и Херцеговина. Двата дуели се играат на гостински терен, а пред патувањето прво кај Полјаците, зборуваше фудбалерот Хамза Рамани.
„Ќе одиграме два натпревари дома, против две квалитетни селекции. Треба да ги тестираме силите против Полска и Босна и Херцеговина, а тоа ќе биде добро за нас. Треба да смениме некои работи од квалификацискиот циклус, се надеваме дека ќе направиме резултат. Полјаците се на високо ниво, можеме да ги сметаме како ранг на Холандија и Шведска, додека со Босанците сме играле и порани, па сметам дека сме ист ранг. Одиме на секој натпревар по позитивен резултат“, изјави Рамани.
Македонија ѝ гостува на Полска во Радом на први јуни, додека на петти се игра натпреварот во Босна и Херцеговина.