• Горан Упале

Екипите на Шкипи и Работнички со меѓусебен дуел на „Чаир“ ќе ја отворат пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во пресрет на ова дерби своите очекувања ги искажа капитенот Хамза Рамани.
„Максимално сме подготвени за овој претстоен натпревар кој го играме против Работнички. Сите играчи знаат дека овој натпревар е многу важен за нас. Се надеваме дека ќе извојуваме позитивен резултат. Одиме на победа на секој натпревар.
Немаме многу информации за противникот. Знаеме дека остана без двајца многу важни играчи. Не ни е важно кој замина или дојде, нам во мислите ни е само победата“, рече Рамани.
Натпреварот меѓу Шкупи и Работнички започнува од 14:00 часот, за кога се закажани и останатите натпревари од првото пролетно коло во ПМФЛ.