Рамадани: Во Ренова се чувствувам како дома, задоволство е да се игра во Европа

Ренова напорно работи и во последниов период потпиша договори со речиси сите првотимци, а се засили и со неколку нови имиња. 

Еден од повратниците во составот од Тетово, е искусниот офанзивец, Емран Рамадани кој одигра една сезона во Струга ТЉ. Самиот фудбалер за клупскиот профил призна дека е среќен за враќањето во Џепчиште, а се надева на добра сезона во ПМФЛ и Европа. 

„Среќен сум што сум дел од клуб каде што се развивав. Тука се чувствувам како дома и затоа решив да се вратам во Ренова. Се надевам дека оваа сезона заедно со соиграчите ќе ги исполниме клупските цели за сезоната. Задоволство е да се биде дел од тимот кој ќе игра во европските купови“, изјави Рамадани. 

Претходно, Рамадани пет сезони настапуваше во дресот на „гипсарите“, од каде во 2018 замина во Партизани и минатата година ја мина во Струга, сега 28-годишникот е спремен за кам-бек во Ренова. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.