• Саше Љолес
Фудбалерот на тетовска Шкендија, Флорент Рамадани, изрази големо задоволство од победата над Воска Спорт во 17. коло од Првата македонска лига, велејќи дека неговиот тим одиграл квалитетно и сосема заслужено ги освоил бодовите во Охрид.
Шкендија со овој триумф изби на првата позицијата на табелата, а Рамадани скромно вели дека неговиот погодок не е толку важен, туку целта е само да се освојува целиот плен на секој натпревар.
„Беше многу важно да победиме, без разлика кој од нас ќе биде стрелец. Целта е остварена, ги освоивме трите бода и одиме напред. Тактички бевме добро поставени, одлично ги покривавме сите делови на теренот.
Сите играчи дадоа максимум и затоа сум среќен што победивме, без разлика што јас го постигнав голот“, изјави Рамадани по мечот во Охрид.
Во следното коло тетовчани на домашен терен ќе се соочат со Гостивар во соседското дерби и ќе се обидат да ја продолжат добрата низа од четири победи. Овој меч е закажан за осми декември во 13:00 часот.