Рамадани е нов тренер на лидерот во шампионатот на Косово, Трепча 89

Македонскиот фудбалски тренер Зекирија Рамадани е именуван за нов тренер на косовскиот прволигаш Трепча 89. Во минатото Рамадани седеше и на клупата на Шкупи, а работеше и во албанскиот Фљамуртари. Доаѓањето на Рамадани во лидерот Трепча го потврди претседателот на клубот Абедин Зека.

Тимот на Трепча 89 по 17 одиграни кола е лидер во шампионатот на Косово и има три бода предност пред второпласираниот Лапи. Продолжението на шампионатот на Косово е закажано за 25 февруари, кога тимот на Треча 89 ја пречекува Дреница.

Претходно во косовскиот шампионат се пресели и првиот помошник на македонскиот селектор, Арѓент Бекири, кој го презеде тимот на Феризај.