Рамадани доби нов договор во Дрита и игра за „покер“ на Косово

Македонскиот тренер Зекрија Рамадани доби нов договор од косовска Дрита и ќе го води тимот и понатаму, објавија од клубот.

Рамадани и Дрита потпишаа нова соработка која ќе трае во следните две години. Клубот е лидер на табелата под водство на македонскиот тренер и чекори сигурно кон титулата.

Зеко Рамадани стана експерт за косовскиот фудбал, затоа што чекори кон титулата со четврти различен клуб. Претходно, тој беше шампион со Трепча, Фероникели и Приштина.

47-годишниот скопјанец низ кариераата имаше ангажмани во Оход од Саудиска Арабија, Егнатиа од Албанија, Шкупи во мак-фудбалот...