Раководството на ФФМ и Николов ќе навиваат за Андонова во финалето на ЛШ

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата најдобра фудбалерка и посакаа многу среќа во утрешното финале во Лигата на Шампионите.

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија е во Будимпешта каде се имаше средба со нашата најдобра фудбалерка и македонскиот репрезентативец и член на МОЛ Види, Бобан Николов. Наташа Андонова утре во главниот град на Унгарија со Барселона ќе игра финале во женската Лига на шампиони против француски Лион.

Францускиот клуб е доминатор во Лигата на шампионите и во последните три изданија освои исто толку евроски круни. 

Сејдини и Поповски и посакаа многу среќа на Наташа и ќе и дадат поддршка на стадионот на Ференцварош.