• Зоран Мишевски

Манчестер Сити загуби од Арсенал во пенал рулетот во Комјунити шилд финалето кое се одигра на „Вембли“, но момците на Пеп Гвардиола вечерва имаа повеќе нерви и повеќе среќа во ударите од единаесет метри кои се шутираа во Пиреја.
Шпанците беа толку блиску, но промашувањата на Ен Незири и пенал-рулетот им се „одбија од глава“.
„Знаевме дека ќе биде многу тешко, но правилно игравме голем дел од натпреварот. Оваа екипа никогаш не се предава, затоа освои многу трофеи и ќе освојува и во иднина. Голема штета е што не го освоивме Суперкупот. За нив ова ќе беше уште еден трофеј, а ние ќе го „запалевме“ стадионот од радост. Убеден сум дека вечерва повеќе ја сакавме победата од нив, но ете ја немавме таа мала доза среќа“, рече Хрватот, Иван Ракитиќ.
Ова е прво издание на Суперкупот на Европа, во кој веднаш по нерешен резултат во регулатниот тек се шутираат пенали. Севиља ја прекина позитивната серија со пенал-рулетот која им донесе титули во Лига Европа против Бенфика, Еспањол и Рома.