ВИДЕО: Ракитиќ сè уште има „магија“ во нозете – даде спектакуларен гол против Кристал Палас

Eкипата на Севиља по изведувањето на пенали победи на пријателскиот натпревар против Кристал Палас, а главна тема по натпреварот беше поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, кој постигна навистина спектакуларен гол.

Имено, по еден корнер, топката се одби до Ракитиќ, кој речиси беше во мртов агол, но од „прва“ шутираше кон противничкиот гол и на неверување на сите на стадионот, успеа да го постигне еден од најубавите голови во својата кариера.

  • Прекрасниот гол на Ракитиќ против Кристал Палас:

Во вториот дел Кристал Палас успеа да се врати во мечот и во 75. минута израмни на 1-1, а мрежата на Севиља ја затресе Езе по асистенцијата на Дукуре.