Ракитиќ: Кога човек како Гатузо што остварил сè е со солзи во очите по дербито...

Фудбалерите на Хајдук го совладаа Динамо Загреб во дербито на 15. коло на ХНЛ (1-0). Овој триумф на „Пољуд“ предизвика сериозни реакции во Сплит и регионот. 

Иван Ракитиќ сподели интересна ситуација од соблекувалната по натпреварот, а поврзана со тренерот Џенаро Гатузо кој бил во солзи. Според Хрватот, кога човек со величина каква што е Гатузо плаче по натпревар, тоа е неверојатно.

„Ова се моменти поради кои сакаме да играме фудбал. Не може да се опише. Во соблекувалната го гледаме Гатузо со солзи во очите, а остварил сè во кариерата. Беше и светски првак, има 800,900 натпревари. Кога тој е емотивен по натпревар, тоа е нешто неверојатно. Не сме важни ниту јас, ниту Ливаја, важен е само овој клуб. 

Поради ова се сака дресот, атмосферата. Имав чувство како да сме 50 играчи на теренот, а не 11. Благодарам до „Торцида“, можеме да се радуваме, ама бргу се насочуваме кон Горица. 

Хајдук се одлепи на седум бода предност пред Динамо, меѓутоа на второто место во чекор следи Ријека.

Состави

Џенаро Гатузо

4-4-2

    Ненад Бјелица

    4-4-2