Ракитиќ е нескршлив: Хрватот со 71 натпревар во сезоната блиску до светски рекорд

Иван Ракитиќ светски рекорд на натпревари

На крајот од неделата, Иван Ракитиќ, фудбалерот за врска на Барселона и Хрватска, ќе избие на првото место кога се во прашање настапите во сезоната 2017/18.

Тој ќе стане играчот со најмногу одиграни натпревари во изминатата сезона, вкупно 71. Од нив, 55 ги одигра во каталонскиот дрес и 16 за репрезентацијата предводена од Златко Далиќ. Со вчерашниот настап против Англија во полуфиналето, 30-годишниот Хрват се израмни со Вилијан од Бразил, кој позади себе остави сезона со 70 меча.

Неговиот репрезентативен колега, Лука Модриќ, ќе ја заврши годината со 59 меча (43 со Реал Мадрид и 16 со Хрватска).

Екипата на Далиќ веќе го постигна својот најголем успех во историјата, а в недела со почеток од 17.00 часот, ем ќе има можност да и се одмазди на Франција за поразот од 1998 година, ем ќе игра за светската титула.