• Саше Љолес
Иван Ракитиќ направи помалку сензационален трансфер и премина во редовите на Хајдук Сплит, а спортскиот директор на клубот, Никола Калиниќ, изјави дека поранешниот играч на Севиља и Барселона допрва ќе сфати за колку голем клуб потпишал.
„Мислам дека не е потребен вовед. Ова е еден од најголемите трансфери во историјата на Хајдук и Хрватска. Ракитиќ играше за големи клубови, но овој клуб е најголем во неговата кариера. Мислам дека многу бргу ќе го сфати тоа.
Хајдук има плејада навивачи ширум светот. Атмосферата во Сплит е една од најжестоките во Европа, а ние секојдневно работиме на подобрување на нашите потенцијали. Сакаме со овие одлични трансфери да ја започнеме сезоната како што треба и да го освоиме трофејот во Хрватска“, вели Калиниќ.
И покрај преоптимистичката изјава на Калиниќ, многумина сметаат дека Ракитиќ својот зенит го имал токму во Шпанија, каде во дресот на Севиља двапати триумфираше во Лига Европа. 36-годишниот Хрват ja започна кариерата во Базел, а потоа играше уште за Шалке, Севиља, Барселона и саудискиот Ал-Шабаб.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.