Ракитиќ: Ако некој пред два месеци ми кажеше дека ќе бидам тука...

Хрватската фудбалска легенда Иван Ракитиќ првпат во својата кариера ќе заигра на клупски план во својата родна земја. Ветеранот по една полусезона во саудиски Ал-Шабаб ја прифати понудата од Хајдук Сплит и ќе заигра за еден од најпопуларните клубови во земјата. 

Откако доцна синоќа беше потврден трансферот, за денес беше закажана и презентацијата. Навивачите решија да приредат спектакл за време на дочекот на Ракитиќ. 

<<< - ПОВРЗАНО - Сплит гори: Навивачите на Хајдук спектакуларно го дочекаа Ракитиќ! (ВИДЕО)

Откако ги поздрави навивачите кои дојдоа во голем број, следеше и официјалната презентација, како и првата прес-конференција. 

„Среќен сум и горд што сум тука. Имав желба да заиграм во Хрватска и ја добив таа шанса. Нема поубаво чувство од тоа да настапуваш во својата држава, а тоа да го исполнам во Хајдук е фантастично. Ги разбирам сите реакции и позитивни и негативни. 

Ако некој пред два-три месеци ми кажеше дека ќе седам тука, ќе му се насмевнев. Среќен сум и горд што ќе можам на хрватскиот фудбал да му вратам за дел од тоа што ми го даде мене. Се отвори можност да дојдам во ХНЛ, а Хајдук беше единствената опција. Среќен сум што сум тука и едвај чекам да се приклучам на тимот“, изјави Ракитиќ.

Ракитиќ со Хајдук потпиша едногодишен договор, меѓутоа има опција за продолжување на соработката до 2026 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.