ВИДЕО: Ракип во стил на врвен голгетер погоди во големото шведско дерби

Повремениот македонски репрезентативец Ердал Ракип му донесе на својот Малме предност во големото дерби на шведскиот фудбал против Ѓургарден.

По само пет минути игра 26-годишниот играч за врска во стил на врвен голгетер итро ја затресе противничката мрежа за голема радост на трибините и водство на својот тим од 1-0.

  • Голот на Ракип:

За македонскиот интернационалец ова е прв погодок во сезоната во шведската елита.