• Мартин Танасковски

Македонските репрезентативци Ердал Ракип и Дарко Велковски имаа одличен викенд и се најдоа во идеалните тимови во Хрватска и во Шведска.
Ракип одигра деведесет минути во мечот на Малме и тешката победа во дербито против Гетеборг (1-0). Играчот од средниот ред имаше важна улога во дефанзивата на екипата и се најде во средниот ред меѓу најдобрите во петтото коло.
Велковски исто така беше деведесет минути во одбраната на Ријека во домашната победа над Осијек (3-1). Дерби-пресметката беше одлична за стоперот кој имаше неколку важни интервенции при обидите противникот да постигне гол, а исто така беше учесник и при постигнувањето на еден од головите со клучно додавање. Во изборот на „Спортске Новости“, Велковски доби оценка седум.
Велковски го чека борба за еврокуповите и за Куп-титулата до крајот на сезоната во финалето против Хајдук, додека Ракип тукушто ја започна сезоната и одбраната на домашните титули со Малме.