ВИДЕО: „Ракетата“ на Ракитиќ – најубав гол на групната фаза во ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави резултатите за најдобар гол на групната фаза на новата сезона од Лигата на шампионите.

Победник во гласањето е Иван Ракитиќ од Барселона. Хрватскиот фудбалер на натпреварот против Тотенхем постигна атрактивен гол со волеј, а љубителите на фудбалот решија да му ги дадат повеќето од гласовите.

Барселона во наредната фаза на Лигата на шампионите оди како првопласирана во групната фаза, без ниту еден пораз.