• Саше Љолес
Фудбалерите на Арсенал, предводени од Деклан Рајс и тренерот Микел Артета, не го криеја задоволството по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Рајс истакна дека успехот е огромен за тимот, без разлика на критиките кои доаѓаат по неубедливата игра на „топчиите“ во реваншот.
„Ова е неверојатно достигнување за нас. Две години по ред сме во полуфинале и сакаме да направиме чекор повеќе. Не нè интересира што зборуваат другите, најважно е што мисли тимот.
Не можете да очекувате на секој меч да постигнуваме по пет голови, тоа е скоро невозможно. Некогаш играме со многу сериозни противници, но точно ја знаеме нашата мисија и како треба да играме“, рече Рајс.
Арсенал со овој успех обезбеди ново полуфинале во елитното натпреварување, каде што ќе се бори за место во финалето против екипата на Атлетико Мадрид.




