ВИДЕО: Рајо Ваљекано го „преслуша“ АЕК и направи исчекор кон полуфинале во КЛ

Екипата на Рајо Ваљекано направи огромен исчекор кон полуфиналето во Конференциската лига, откако славеше на првиот четвртфинален натпревар против грчиот АЕК со убедливи 3-0 (2-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

Претставникот на шпанската Примера ја најави победата уште во првото полувреме, кога мрежата ја тресеа Илиас Акомач и Унаи Лопез, а конечните 3-0 беа дело на Иси Палазон, кој прецизно реализираше пенал во 74. минута. 

Гостите од Грција беа во подредена улога во текот на целиот меч и сфатија дека ќе имаат исклучително тешка задача против фаворизираниот ривал. 

Реваншот помеѓу овие две екипи ќе се одигра на шеснаесетти април во Атина.