• Горан Упале

Фудбалерите на Рајо Ваљекано режираа луд пресврт во последниот натпревар од седмото коло во Примера и пред својата публика со гол во 96. минута го „расплакаа“ тимот на Елче, кој вечерва се надеваше дека ќе стигне до првата овосезонска победа во шпанската елита.
- Извештај од натпреварот:
Гостите тоа го најавија во 32. минута, кога Боје го совлада македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и донесе водство за Елче од 0-1. Сепак, Рајо брзо се созеде и на пет минути до крајот на полувремето Камељо стрелаше за 1-1.
Во вториот дел двете екипи имаа свои моменти, македонската „единица“ на неколку пати беше ставен на големи маки, но на крај тој и неговите соиграчи се радуваа на трите бода, кои го донесе Лопез со прекрасен волеј во 96. минута.
Со вечерашните три бода Рајо се искачи на десеттата позиција на табелата со десет бода, додека Елче остана на еден бод, освоен против Алмерија пред пет кола.