• Иван Димовски

Фудбалерите на Рајо Ваљекано и Виљареал одиграа нарешени 1-1, во натпревар од шестото коло на шпанската Примера. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговите соиграчи можат да бидат задоволни од ремито против квалитетниот ривал.
Средбата на „Ваљекас“ понуди два гола во две минути, на самиот старт. Александер Сорлот донесе водство за Виљареал во 15. минута, по асистенција на Баена. Практично во следната акција, израмнувачкиот гол го даде Кике Перез (1-1). Во продолжението имаше по некоја шанса пред двата гола, ама голманите беа на висина на задачата. Во завршницата Рајо играше со човек помалку по исклучувањето на Морено, ама не го искористи тоа.
Во вистинска голеада Реал Сосиедад го совлада Хетафе со 4-3 (1-2). Домаќинот на „Аноета“ поведе по само две минути игра преку Такефуша Кубо. Сепак, до полувремето Алена и Мајорал донесоа пресврт за гостите.
- Реал Сосиедад - Хетафе 4-3:
Во вториот дел по воведниот период со помал интензитет, следеа два брзи гола на Реал Сосиедад. Ојарзабал од пенал во 61. и Мендез пет минути подоцна направија уште еден пресврт, овојпат 3-2 за домашните. Со својот втор погодок Ојарзабал во финишот направи домаќините полесно да дишат, а конечните 4-3 ги постави Латаса во 92. минута.
Рајо по шест рунди е шестопласиран со десет бода, еден повеќе од Сосиедад и три од Атлетико Мадрид кој има два натпревари помалку.