ВИДЕО: Рајо го издржа мотивираниот Самсун, Ријека без сили за сензација во КЛ!

Екипата на Рајо Ваљекано успеа да се пласира во четвртфиналето на Конференциската Лига на УЕФА, и покрај минималниот пораз од Самсунспор во реваншот одигран во Шпанија (0-1). За екипата од Примера доволна беше победата од првиот натпревар во Турција, каде славеше со сигурни 1-3. 

  • Рајо Ваљекано - Самсунспор 0-1:

Натпреварот во Ваљекас беше решен со голот на Шериф Ндиаје во 65. минута, но Рајо имаше залиха од два гола по првиот меч во Турција, со кои си го обезбеди местото меѓу осумте најдобри. 

Противник во четвртфиналето на Рајо ќе му биде грчкиот АЕК од Атина, кој претходно го елиминираше словенечкиот Целје. 

  • Спарта Прага - АЗ Алкмар 0-1:

АЗ Алкмар извојува уште една победа над Спарта Прага, овој пат на гостински терен со огромни 0-4 (0-1). Холанѓаните минуваат во следната фаза со севкупни 6-1 и ќе се подготвуваат за двомеч со украинскиот Шахтјор, кој го исфрли тимот на Лех Познањ. 

  • Стразбур - Ријека 1-1:

Пласман во четвртфиналето обезбеди и францускиот Стразбур, кој ремизираше со хрватската Ријека (1-1), но триумфираше на првиот меч во Хрватска со конечни 1-2.