Рајковиќ од Силекс пристигна во Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев донесе ново име во своите редови и потпиша со 26-годишниот Марко Рајковиќ.

Рајковиќ, кој минатата сезона настапуваше за Силекс, игра на позицијата централен напаѓач. Тој не ја продолжи соработката со кратовчани, па како слободен агент се сели во Струмица.

Покрај за Силекс, Рајковиќ во кариерата настапуваше и за Слобода Ужице, Металац, Колубара, Аполонија, Телеоптик, Синѓелиќ...

Од таборот на освојувачот на Купот на Македонија најавија дека Рајковиќ нема да биде последно засилување во овој преоден рок.