ВИДЕО: Рајковиќ и Крстовски ја решија Ренова, „пандевци“ останаа лидери во ПМФЛ

Екипата на Академија Пандев останува на врвот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) откако во дуелот со Ренова кој се одигра на стадионот „Младост“ забележа триумф со 2-0 (1-0).

Домаќинот ја имаше благата фаворитска улога на хартија, но немаше да биде незаслужено ако дуелот завршеше без победник, затоа што Ренова имаше неколку големи шанси за изедначување што не ги искористи против најдобрата одбрана во лигата. Дуелот го отвори напаѓачот Марко Рајковиќ, кој во првото полувреме даде деби-гол во новата средина, а по неколку сериозни промашени шанси на „гипсарите“, пресуди младиот Крстовски кој доби шанса од клупата.

Што се однесува до мечот, првата шанса пристигна во 9. минута преку Стоилов, но следеше само корнер. Веднаш потоа се закани и Ренова, преку Арѓент Гафури, арно ама Чубраковиќ го прочита неговиот удар. По најдобрата шанса на мечот во 30. минута по која имаше корнер, Академија Пандев дојде и до првиот гол, откако Стоилов нафрли од корнер, а Рајковиќ реализира со глава.

До паузата Академија Пандев имаше две добри шанси да постигне гол, но не ги искористи, а стартот на вториот дел му припадна на гостинот од Тетово, со три добри прилики, по кои немаше погодок. До финишот на мечот, убави шанси за гол имаа и Дориев и Биљали, но и двајцата не ги искористија.

Пред самиот финиш, гостинот од Тетово се отвори, а тоа го искористи нововлезениот Крстовски, кој по една контра излезе еден на еден со Велиу и по земја реализираше за конечни 2-0.

Академија Пандев во наредното коло кое е закажано на 18 септември ќе гостува кај Струга Трим Љум, додека Ренова која три меча е без победа ја чека градско дерби со актуелниот владетел Шкендија.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11