ВИДЕО: Хаверц и Раја херои, Арсенал со „минималец“ на враќањето на Ѓокереш во Лисабон

Екипите на Спортинг и Арсенал одиграа прилично здодевен прв четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, но лондонскиот гигант успеа да обезбеди минимална победа (0-1) во самиот финиш, носејќи огромно разочарување на трибините во Лисабон. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме не понуди скоро никакви возбудувања, иако може да се каже дека Спортинг имаше за нијанса поконкретни прилики. Арсенал ја погоди пречката во 16. минута преку Нони Мадуеке, кој нафрлуваше од корнер, но потоа, освен една прилика на Тросард, „топчиите“ не создадоа сериозна закана. На паузата останаа почетните 0-0. 

Стартот на вториот дел не донесе скоро ништо ново. Ривалите не ризиикуваа премногу и се чинеше дека ќе биде тешко да видиме некој погодок. Набргу потоа, навивачите на Арсенал конечно се слушнаа посилно од трибините, кога Мартин Зубименди ја затресе мрежата во 63. минута, но голот беше поништен поради офсајд ситуација. 

Ниту овој момент не го разгоре темпото на мечот, иако сите гледачи веројатно посакуваа такво нешто. Времето полека изминуваше, додека Арсенал кружеше на средината од теренот, не покажувајќи никакви афинитети за шанса пред домашниот гол. 

И токму кога се чинеше дека нема да видиме гол, се случи експлозивен момент за гостинскиот тим, кој искористи едно невнимание на одбраната и поведе со 0-1 преку Каи Хаверц. Германецот ја погоди мрежата во 91. минута, со што ја запечати победата за својата екипа. 

Арсенал со доза среќа, но и со доза искуство стигна до минимална предност пред реваншот кој се игра во Лондон за седна седмица.