Раиола преку „џентлменски“ договор ја тргна откупната клаузула на Халанд?

Ерлинг Халанд е еден од најбараните млади фудбалери на светот и има целосно легитимно право за тоа. Норвежанецот се етаблира во еден од најперспективните играчи на денешницата, па по малиот пад на формата во Дортмунг, се враќа со стил. 

Заинтересираноста за Халанд е огромна, а во договорот со Борусија има откупна клаузула од 75 милиони која е валидна дури од јуни 2022 година. Сепак, еден од најконтроверзните агенти, Мино Раиола наводно направил „џентлменски“ договор со „милионерите“ околу Халанд. 

Имено, играчот и агентот се спремни да се откажат од откупната клаузула, а за возврат Борусија ќе ги сослуша понудите за кои Халанд ќе биде заинтересиран, ако евентуално ги има уште ова лето. Кризата сериозно го погоди клубот, па заработка на големи пари за Халанд ќе биде добредојдена.