Раиола: Пол Погба не направи ништо лошо и не го навреди Јунајтед! 

Пол Погба не направи ништо лошо, односно не го навредил својот клуб Манчестер Јунајтед, барем така тврди менаџерот на францускиот фудбалер, Мино Раиола. 

Наводно, Погба им соопштил на челниците на клубот дека посакува ова лето да го напушти „Олд Трафорд“, бидејќи му бил потребен нов предизвик, но засега нема ништо посериозно од тие шпекулации. 

„Пол не направи ништо лошо. Секогаш беше професионален. Во клубот веќе подолго време знаат како се чувствува. Штета е што некои луѓе сакаат само да критикуваат, а притоа немаат ниту една информација. Жал ми е што клубот не застана во негова заштита. Се надевам дека наскоро ќе дојдеме до решение кое ќе биде поволни за сите“, вели Раиола.

Најскапиот „ѓавол“ во историјата веќе замина со тимот за Австралија, каде Јунајтед ќе се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која повторно ќе игра во Лига Европа.