Рафиња: Ми требаа два месеци за да се соземам од шокантниот пораз од Хрватска

Оваа и минатата сезона ѕвездата на Барселона, Рафиња, речиси сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот, а последното Светско првенство во Катар беше прв планетарен турнир за 28-годишниот офанзивец во кариерата.

Бразил беше елиминиран уште во четвртфиналната фаза од Хрватска, а на тој натпревар Рафиња беше во стартниот состав на „кариоките“.

„Искрено, сè уште не разбирам како бевме елиминирани од Хрватска. Нашите очекувања на тој шампионат беа многу големи. Целиот тим веруваше во нешто големо. Тој пораз се случи пребрзо, беше вистински шок. Мене лично ми требаа два месеци за да се соземам од тој шок. Беше крајно тажен момент за сите нас во бразилската репрезентација“, рече Рафиња, 

Во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, Бразил не бележи позитивни резултати. Во моментов е на петтото место, со седум бода помалку од лидерот Аргентина. Пред Бразил се и Уругвај, Еквадор и Колумбија.