• Мартин Танасковски
Рафиња постигна фантастичен погодок за Барселона во Лигата на шампионите на натпреварот против Феенорд во рамки на првото коло од елитното друштво кој се игра на дожд.
Бразилецот реализира по нешто повеќе од две минути, а одушевува потегот кој му претходеше на голот. Рафиња со движење настрана испрати двајца противнички играчи со лизгачки старт на спротивната страна на теренот и потоа мирно погоди.
На голот на Рафиња, асистираше Ламин Јамал. Бразилецот игра во страшна форма, но не се наоѓа меѓу номинираните за „Златната топка“.








