Радуловиќ-Величковиќ играч на мечот во „македонското дерби“ во Словачка

Тројца македонски фудбалери се најдоа на терен во второлигашкото друштво во Словачка, како дел од Б-екипите на Слован Братислава и Жилина, а на победа се радуваше стоперот Мартин Величковиќ-Радуловиќ.

Младиот дефанзивец тргна од првата минута и имаше одлична партија во дефанзивата. Иако неговиот тим прими гол, тој беше 90 минути на терен и по дуелот беше прогласен за играч на натпреварот.

Во тимот на Жилина имаше уште двајца македонски фудбалери, тоа се младите Андреј Стојчевски и Мартин Талаков кои оваа зима направија трансфер во словачкиот клуб и во нив се гледа иден потенцијал за првиот тим.

Слично е и со Мартин Величковиќ-Радуловиќ кој претходно работеше со првиот тим на Слован Братислава и голема е веројатноста од следната сезона да го гледаме во првата екипа.