Радуловиќ-Величковиќ една година во Слован Братислава!

Репрезентативецот на Македонија до 21 година, Мартин Радуловиќ-Величковиќ е пред својот прв интернационален трансфер во кариерата затоа што се договори со Слован Братислава.

19-годишникот кој е фудбалер на Пелистер замина на проба во словачкиот прволигаш и се покажа во добро светло. Реализира целосен трансфер и така Радуловиќ-Величковиќ ја задолжи опремата на некогашниот првак на една година, со можност договорот да биде продолжен на уште една сезона. 

Радуловиќ-Величковиќ е дете на Вардар, но во летото 2020 година поради финансиските проблеми замина од скопскиот тим и се пресели во Пелистер.

Оваа сезона беше стандарден во тимот на битолчани и запиша 15 настапи за првиот тим, а добрите индивидуални потези во одбраната му донесоа и прв интернационален предизвик.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк