ВИДЕО: Радоњиќ со гол „а ла Меси“, Херта избега од опасната зона

Екипата на Херта на домашен терен убедливо славеше над Фрајбург (3-0) и по долго време е надвор од опасната зона во Бундеслигата која носи во понизок ранг.

Домаќинот мораше да оди на триумф на овој меч, за да ги зголеми шансите за опстанок во елитата. Во тоа и успеа, со два гола во првото и еден во второто полувреме.

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатот во Берлин се отвори во 13. минута кога Пјатек налета на една одбиена топка и со шут по земја го надмудри голманот, а потоа, во 22. минута, Пекарик по асистенција на Радоњиќ зголеми на 2-0. Србинот потоа се претвори во стрелец, погоди во 85. минута и тоа откако претрча половина терен, се прошета низ одбраната и биеше во горниот дел од голот на Фрајбург, за гол „а ла Меси“.

  • Голот на Радоњиќ против Фрајбург:

Херта е 14-та во Бундеслигата со 30 бода, исто колку што имаат и Вердер Бремен и Арминија Билефелд. Потоа следи Келн со 29 бода. Фрајбург, пак, е деветти.