ВИДЕО: Раднички немоќен против првакот на „Рајко Митиќ“

По победата над ХЈК Хелсинки во рамките од второто коло од квалификациите на Лигата на шампионите, српскиот првак Црвена Звезда извојува победа и во дербито од српската Линглонг лига против Раднички Ниш.

Во дерби дуелот на две од трите најдобри екипи од минатата сезона, а денес во рамките од второто коло на шампионатот сезонава, Црвена Звезда ги победи романтичарите од Ниш. Милан Павков во 41. минута го отвори резултатот и драстично им ја олесни работата на соиграчите.

  • Извештај од натпреварот: 

Бен Набухане во самиот финиш по вторпат ја затресе мрежата на Раднички за финални 2-0.

Во останатите натпревари од второто коло. Радник Сурдулица го декласира Спартак со 4-0, а Пролетер и Вождовац играа без победник, 2-2.