• Мартин Танасковски
Српскиот суперлигаш Раднички реализира нов трансфер, откако го продаде македонскиот репрезентативец Лука Станковски. Играчот кој пристигна во клубот од Шумадија во 2024 година, по година и пол го напушта Крагуевац и ја продолжува кариерата во странство.
Станковски ќе го носи дресот на Колос Коваливка, тим кој сезонава бележи солидни резултати во украинскиот шампионат.
По 16 одиграни кола, Колос се наоѓа на шестата позиција на табелата со освоени 25 бодови и е во конкуренција за пласман во горниот дел од табелата.
Станковски во тековната сезона забележа 16 настапи за Раднички. Сумата која Раднички ја добил за македонскиот фудбалер не е откриена во јавноста.


