• Горан Упале

Екипата на Струга Трим Љум и покрај променливите резултати во пролетниот дел од сезоната и само едeн триумф во четирите кола по паузата, сè уште го чува лидерското место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Пред првата овогодишна репрезентативна пауза, стружани се пред ново тешко гостување и во сабота ќе истрчаат на теренот на Работнички, во рамките од 23. коло од домашниот шампионат.
„Пред нас е важно гостување кај екипата на Работнички. Нè чека тежок натпревар кој ни е од големо значење. Ја респектираме екипата на Работнички, но ние знаеме што сакаме и за што одиме во Скопје. Имаме своја цел, да освоиме три бода. Се спремаме за овој натпревар, тренираме добро.
Најбитно е да ги исполниме барањата на тренерот, да бидеме сконцетрирани и фокусирани, и мислам дека нема да имаме проблеми“, рече Сава Радиќ.
Работнички, пак, е во мини-криза и два порази во низа, но не е спорно дека поседува квалитат достојно да се носи со лидерот во шампионатот.