ВИДЕО: Радески влегува во голгетерски ритам, Шкендија лесно се справи со „лавовите“

Фудбалерите на Шкендија брзо го заборавија ремито против Вардар (0-0), и на фантастичен начин им се вратија на победите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). 

Нова жртва на разиграните тетовчани беше тимот на Македонија Ѓорче Петров, кој беше поразен со убедливи 4-2 (3-0). Со овој пораз „лавовите“ ја продолжија црната серија без победа против шампионот, која трае цели 13 натпревари, односно од 2013 година. Шкендија пак, со новите три бода сигурно чекори кон нова титула во домашниот шампионат и на седум кола до крајот има 12 бода позитива во однос на големиот ривал Вардар, кој денес славеше над Ренова

Што се однесува до дуелот на во Тетово, избраниците на Ќатип Османи уште од самиот почеток наметнаа силно темно на игра, кое беше недостижно за „лавовите“. Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими, беше вистински лидер на тетовчани, а токму по негов генијален потег и асистенција, Шкендија поведе со 1-0, откако мрежата на гостите ја затресе Радески. 

Младиот напаѓач, кој по долгата пауза пред извесен период им се врати на терените, со нов погодок ја продолжи својата голгетерска серија и на својот тим му обезбеди сигурни 2-0. 

До крајот на првиот дел одличната игра на Шкендија беше наградена со ново тресење на „лавовската“ мрежа, овој пат од страна на Омар Имери. Македонија ЃП својата единствена голема шанса во првиот дел ја имаше преку Остоја Стјепановиќ, но неговиот силен удар од преку 25 метри заврши покрај голот на Реџепи.

На одмор се замина со убедливи 3-0 за Шкендија, но по само 14. минути игра во вториот дел гостите го искористија офанзивниот пристап на тетовчани и по пеколна контра Дејан Тантуровски го совлада Реџепи и намали на 3-1. Но, во самиот финиш од мечот Висар Муслиу на асистенција на Ибраими го врати својот тим на +3 (4-1), додека Карваљо во 94. минута ги постави конечните 4-2.

Во следното коло Шкендија игра против Беласица, додека Македонија ЃП ќе биде дрл од скопското дерби со Вардар. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23